Анонимна корисничка на Редит сподели приказна со корисниците за тоа како одела во ресторан со својата сестра. По вечерата, нејзината сестра го напуштила ресторанот без да си го плати делот, па девојката ги оставила своите информации на вработените во ресторанот и го платила само својот дел.
Како што изјавила за Редит, нејзината сестра непосредно пред инцидентот се преселила во истата населба каде што живее, па решиле да ја прослават со вечера во скап ресторан.
Откако сестрите и нивните партнери завршиле со јадењето, нејзината сестра рекла дека мора да оди во тоалет и не се вратила. Кога виделе дека ја нема, нејзиниот партнер отишол да провери каде е, но ниту тој не се вратил на масата. Девојката набрзо сфатила што направила нејзината сестра, па и испратила порака, пренесува Мирор.
– Со партнерот отидовме да видиме каде се, но никаде ги немаше. Ѝ се јавив на мобилниот и и испратив порака, на која таа само ми одговори: „Ти благодарам за вечерата, одлична беше, исто како што рековте“, напишала девојката.
-Повторно ѝ испратив порака и прашав дали навистина не остави за да треба да платиме вечера и дека има 30 минути да се врати затоа што во спротивно ќе ги дадам нејзините информации на сопствениците на ресторанот – додала таа.
Бидејќи нејзината сестра не одговорила на пораката, девојката го направила токму она што го објавила. Таа го платила нејзиниот и делот на сопруг од вечерата, им ги дала информациите на сопствениците и заминала.
– Следниот ден луто ми се јави и рече дека и се јавиле од ресторанот, а и се закани на полицијата ако не дојде да ја плати сметката. Ми кажа дека мисли дека ќе платам, со оглед на тоа дека и претходно сум плаќала вечери – напишала девојката.
– Ми рече да ја платам сметката бидејќи и беше премногу срам да оди сама таму, на што и реков дека не сакам бидејќи тоа не е моја одговорност – додала таа.
На страната на девојката застанаа бројни корисници кои истакнаа дека однесувањето на нејзината сестра и нејзиното момче е одвратно