Плус-сајз моделот Изабел Николс Нал (22) е позната по тоа што не се двоуми да објавува свои фотографии во бикини на интернет.
И овој пат таа воодушеви од објавата, а во тоа ја поддржа и нејзината армија следбеници.
View this post on Instagram
Покрај деколтето во фокусот, таа гордо ги покажа и колковите, стомачето и бутовите.
Заедно со објавата напишала и мотивациска порака и на своите следбеници и им порачала дека не мора да чувствуваат притисок поради празниците и дека не мора по секоја цена да размислуваат како да бидат различни.
View this post on Instagram
– Не грижете се што ќе промените на вашето тело оваа година. Вие сте исто толку вредни во телото што го имате како и кога губите тежина. Стилот нема конфекциски број – изјави Изабел.
Објавата воодушеви многумина и собра повеќе од 8.000 лајкови.
View this post on Instagram
– Прекрасна си, те обожавам – напишала една девојка.
Инаку, Изабел неодамна објави фотографија на која е целосно гола во када, а покриена е само со пена за капење.
View this post on Instagram
„Заслужувате да живеете живот во кој нема да го мразите своето тело“, напишала Изабел.
View this post on Instagram