Еден корисник на Редит од Јапонија покажа како изгледа карантинот во таа земја.
„Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома! Изложената храна е за едно лице (мене) во Токио“, стои на фотографијата на која се гледа содржината на пакетот.
„Се покажа дека сум позитивен на ковид. Секое утро ми се јавуваат и ме прашуваат како се чувствувам тој ден во однос на температурата, симптомите и нивото на кислород. Ме прашаа и дали сакам да останам во хотел, што одбив бидејќи живеам сам. Тогаш ме прашаа дали сакам храна испратена дома, на што се согласив (беше бесплатно). Сепак не очекував таков пакет. Не сум сигурен дали исти работи добиле сите што се ковид позитивни во Токио, напиша тој и додава дека треба да биде во изолација 10 дена.
„Ова е слично на ситуацијата во Нов Зеланд, иако таму добивате помалку храна, а повеќе медицински материјали, како што се мониторите за кислород. На луѓето таму им е дадена и опцијата да се стават во карантин во државна институција. И секој ја известува својата состојба по телефон секој ден. Моето семејство во САД беше позитивно, не добија ништо. Дури ни информации што да прават“, напиша друг корисник на Редит.
„Јас сум во Бугарија, никој не дава пакети овде, докторката ми е уште многу добра, јас бев негативен на почетокот, но имав симптоми и се влошуваа, па ми рече да дојдам на преглед, ми препиша лекови и веднаш да и се јавам ако ми падне кислородот под нормалата. Искрено, мојот доктор изгледа е исклучок во оваа земја“, сподели корисник од Бугарија.