Двајца новинари од Хаити се убиени денеска во главниот град Порт-о-Пренс.
Loading...
Вилгенс Луисент и Амади Џон Весли биле застрелани и живи запалени додека известувале од областа за чија контрола се борат две конфликтни банди, јавува Би-Би-Си.
Трет новинар успеал да побегне.
Екут ФМ, за кој работел Весли, рекол дека бил „насилно“ убиен додека известувал од тоа подрачје и дека се сомневаат дека една од бандите ги извршила убиствата.
Безбедносната ситуација на Хаити е многу лоша по атентатот на претседателот Гионел Моиз во јули.