Најмалку 16 лица загинаа, а 18 се повредени при судар на два автобуса денеска на египетскиот полуостров Синај.
Loading...
Несреќата се случила кога помал автобус се судрил со транспортен автобус на патот што го поврзува градот Тор во јужниот дел на Синај со Суец, се наведува во соопштението на египетското Министерство за здравство, пренесе АП.
Египетското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 13 екипи на брза помош се на лице место и дека повредените се префрлени во блиските болници.