Човек кој сака да изгледа „што е можно повеќе нечовечки“ потрошил околу 15.000 долари претворајќи се во „сложувалка“.
Љубител на модификации на телото, кој на Инстаграм го нарекуваат Black Depression или црна депресија, има тетовирано парчиња сложувалки по целото лице.
View this post on Instagram
Покрај обоените парчиња од сложувалката на лицето, 28-годишникот извадил и парчиња рскавица од увото, ги прободел и ги истегнал ушите и ноздрите, а бојата на белките ја сменил во црна.
Првата од многуте процедури била да се исече јазикот на средина.
View this post on Instagram
– Модификацијата на телото ме фасцинира долги години. Можам да правам свои индивидуални работи, а не исто како другите. Можам да создавам и да го променам моето тело како што сакам. Не ги следам трендовите како многу други луѓе – рече тој.
– Со текот на годините развив свој тренд кој никој друг го нема. Одам кај разни боди артисти низ светот, а си правам и некои процедури на себе.
View this post on Instagram
Германскиот уметник ја започнал својата трансформација пред осум години со процесот на расцепување на јазикот.
– Првата процедура ми беше расцепување на јазикот. Тогаш ми беше ампутирана половина од увото од двете страни – објасни тој.
View this post on Instagram
Поради својот специфичен изглед, тој ја врти главата каде и да оди, но вели дека сѐ уште не го завршил својот пат на модификација на телото и планира во иднина да прави уште поекстремни зафати.
Своето патување го споделува на Инстаграм каде фасцинирани набљудувачи ги коментираат неговите загадочни тетоважи.
View this post on Instagram
Додека некои луѓе ги опишуваат неговите тетоважи како „секси и кул“, други се шокирани од неговите постапки.
View this post on Instagram