Семејството од Кина станало сомнително откако нивниот миленик, за кој мислеле дека е тибетски мастиф, не престанал да расте и јадел се повеќе и повеќе. Освен тоа, тој одеше на две нозе …
Кога Су Јун пред две години го донела своето милениче кај семејството, била изненадена од тоа колку кучето јаде. Кога го купила кучето и рекле дека се работи за тибетски мастиф, кој обично расте до 70 см во висина и тежи околу 80 килограми.
– За еден ден изеде цела кутија овошје и две тенџериња нудли – изјавила таа за кинеските медиуми.
Кога нивниот „тибетски мастиф“ по две години достигнал тежина од 113 килограми, им станало сомнително. Покрај тоа, тој покажа и некои необични таленти за куче, како што е одење на две нозе.
„Колку повеќе растеше, толку повеќе изгледаше како мечка, а јас малку се плашам од мечки“, вели Су Јун, која живее во село во близина на градот Кунминг во провинцијата Јунан.
Животното сега е преместено во Центарот за грижа за дивиот свет во Јунан, откако семејството побарало помош од нив.
Кога дошле по мечката, експертите биле толку исплашени што ја заспале пред да ја пренесат, пишува Independent.co.uk.
Станува збор за азиска црна мечка, која на црниот пазар чини десетици илјади долари.