По една година пауза, Коледарите повторно славеа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со зурли, тапани и греена ракија членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Бадник.

Loading...

 

 

Стотина граѓани излегоа да го прослават големиот христијански празник во центарот на Куманово.

Најпрвин беа на литургија во храмот „Свети Никола“ од каде со музика пристигнаа пред Центарот за култура, каде продолжи одбележувањето на празникот.

 

Loading...

 

Годинава повторно кумови на прославата беа членовите на Мото клуб „Мечки“.

– Нашиот мото клуб веќе по трети пат е кум, бидејќи минатата година поради ковид протоколите немаше нови кумови и мораше да биде трета среќа и тоа ни претставува огромна чест и задоволство и сакам да го честитам овој празник на сите православни граѓани. Кумови се бираат, Коледарите се едно од постари здруженија со огромна традиција во градот, изјави Стојан Јакимовски, член на мото клубот „Мечки“.

 

 

– Тука ја поделивме нашата кумска погача и продолжи традицијата. Им посакувам на сите среќни пранзици, да бидат живи и здрави, изјави Давор Петрушевски од мото клубот.

 

Loading...

 

Организатори на прославата по една година пауза се повторно здружението на граѓани „Коледари“, чиј претседател Мирослав Доневски вели дека е добро што членството на здружението се подмладува.

– Ние сме формирани во 1999 година, традицијата е обновена, не е дека сега ние сме почнале, ние само ја возобновивме. Веќе 24 години се одржува оваа традиција, а како што гледате има и доста млади членови и со задоволство ја имаат прифатено оваа традиција. Ние оваа година набравме бадник во селото Челопек, беа осветени и подарени на нашите сограѓани, изјави Доневски.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски