Бадник значи да бидеме будни, не напиени и со трубачи, вели отец Здравковски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Самиот збор Бадник доаѓа од будност, а како што вели отец Игор Здравковски, портпарол на Кумановско – осоговската епархија, тоа значи дека треба да бидеме будни, а не напиени и да прославуваме со трубачи и световна музика.

Loading...

– За да биде во манир на христијанството многу е важно да разбереме зошто е даден називот на денот пред Божиќ да биде Бадник. Тоа доаѓа од будност, да бидеме будни, значи не напиени, не со трубачи со световна музика, туку во тихование и молитва затоа што човекот ако умее умот да го фокусира на она што е важно тогаш и ќе има успех во нештото, вели отец Здравсковски.

 

 

Духовскиот човек, вели отец Здравковски, треба да биде насочен кон радоста дека Бог станал човек за да ние можеме да се обожиме и спасиме.

– Во нашите храмови ќе има вечерна богослужба која ги опишува настаните кои следат. Се присеќаваме и на пророштвата дека раѓањето на Христа не стана туку така и некој го прогласи како свет чин, туку беше најавувано многу детално од пророците и човекот откако ќе ги проследи тие молитвени собитија, песни, молитви, да влезе во неговиот дом со таква атмосфера, во мотивателна, тивка атмосфера покрај посна трпеза да продолжи да размислува за она што ќе се случи, додава тој.

Отец Здраковски ги повика сите верници утре да присуствуваат на литургија и преку молитва и Богда да почуствуваат дека се со него, бидејќи човекот не може да биде сам.

Loading...

Никола Ивановски