Мултиетничко чествување на Бадник во кумановската Гимназија (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Големиот христијански празник Бадник денеска беше одбележан мултиетнички во просториите на Гимназијата „Гоце Делчев“.

Loading...

Ученици од средните училишта на македонски наставен јазик беа домаќини за своите врсници од училиштата каде настава се посетува на албански јазик, при што имаа можност да се зближат меѓусебно и да ја претстават својата традиција и обичаи.

 

 

Настанот е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ што по 11ти пат го организира Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Всушност како идеја дојде од самите ученици, а всушност тие тогаш изразија желба да ги запознаат различните од себе, култура, традиција, вера, обичаи, да знаат повеќе за другите кои живеат на нашето подрачје и меѓусебно да се запознаваат и повеќе да се почитуваат што всушност е интенција на самиот проект, безбедност и заштита на младите без оглед на нивните различности, безбедно живеење во нашиот град, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција.

 

Loading...

 

Учениците не го криеја своето задоволство од ваквиот настан. Велат дека е одлична можност да се зближат меѓусебно.

– Многу ми е мило што сум дел од оваа активност. Јас сум член на училишниот тим за безбедност и би сакала што повеќе ученици да учествуваат во вакви активности и среќни празници, изјави Елза Мемети, ученичка во трета година во училиштето „Наце Буѓони“.

– Чест ни е денеска што нашето училиште е организатор на ваков убав настан, на ваков убав празник. Чест ми е што се собравме во толку голем број, се надевам дека следната година ќе има уште повеќе и дека ќе имаме можност нешто помасовно да направиме. Многу ми е мило што има ученици од албанските училишта кои денеска се дојдени и сакаа да ја запознаат нашата култура и се надевам дека и ние ќе имаме можност да ја запознаеме нивната култура на некои нивни празници, вели Косара Алексовска, ученичка на Гимназијага „Гоце Делчев“.

 

 

Loading...

Ваквкиот проект го поздрави и отец Игор Здравковски, портпарол на Кумановско – осоговската епархија кој им порача на младите да се зближат и да живеат во мир.

– Самиот настан е организиран за зближување на луѓето и не може да не биде во духот на мирот, затоа што и ангелите кога се обратија до пастирите кои први се зачудија за она што се случи во пештерата тие им рекоа Слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја. Тоа е поука за нас христијаните дека секогаш треба да се стремиме кон тој идеал, да има мир меѓу луѓето, изјави отец Здравсковски.

 

 

Инаку, денеска беше скршена и погача со паричка, која се падна кај директорката на ДСУ „Киро Бурназ“ кои следната година ќе бидат домаќини на празникот Бадник.

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски