Јутуберите Брендон и Хадсон Вајт, попознати како Buff Dudes, објавија на нивниот канал различни предизвици што ги испробале.
Испробале многу диети, го исфрлиле шеќерот од исхраната и сега се откажале од алкохолот на 30 дена.
Тие се прашувале каков ефект ќе има ова врз нивниот тренинг, спиење и целокупното здравје.
На крајот на првата недела, Хадсон почнал да ги чувствува промените.
„Многу сум среќен бидејќи не јадам непотребна храна. Имам навистина голем проблем, а тоа е што штом пијам многу, многу гладувам. Затоа внесувам илјадници дополнителни калории”, објаснил тој.
Како што напредувал предизвикот, тој открива дека спиел подобро и генерално се чувствувал поодморено.
„Навистина сум одморен, не станувам сто пати да одам во тоалет, не сум тромав. Уживам во чувството на одмор и закрепнување“, додал тој.
Брендон доживеал слични подобрувања.
„Ова е одличен потсетник за мене колку е важна умереноста“, заклучи тој.
Иако Хадсон се вратил на алкохолот на крајот од предизвикот, тој забележува дека неговиот став кон пиењето се променил.
„Порано пиев умерено, а сега би го намалил уште малку. Некои од придобивките што ги доживеав се апсолутно неверојатни“, вели тој.