И Sony влегува во пазарот со електрични автомобили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Sony се приклучи на се поголем број технолошки компании заинтересирани за пазарот на електрични автомобили.

Loading...

Минатата година јапонскиот гигант го претстави концептниот автомобил Vision-S, додека на овогодинешниот CES претседателот на компанијата Кеничиро Јошида го претстави новиот прототип на електрично возило (SUV Vision-S), но она што е многу позначајно – најави создавање на комплетно нов оддел во компанијата.

Sony Mobility ќе биде дел од Sony Group и ќе се фокусира на комерцијализација на електрични возила.

Со оглед на тоа што тие го лансираа овој оддел, јасно е дека нивните намери на пазарот на електрични автомобили се сериозни.

Иако ова не е гаранција дека нивниот автомобил наскоро ќе биде пуштен во продажба, Јошида јасно стави до знаење дека го истражуваат комерцијалното лансирање на електрични возила и дека сакаат да ја редефинираат мобилноста.

Доколку навистина решат да го направат тој чекор, можеме да очекуваме електричните автомобили на Sony да се засноваат на двата концептни прототипа што ги претставија оваа и минатата година.

Исто така, Sony би можел да го престигне Apple, за чие електрично (и потенцијално автономно) возило се зборува со години, и кое би можело да се појави на пазарот во 2024 или 2025 година, иако не треба да изненадува што неговиот развој ќе се одолговлекува.

За новиот модел на автомобил, Јошида рече дека е развиен врз основа на безбедност, приспособливост и забава, со најголем акцент на безбедноста, за што се грижат вкупно 40 сензори вградени во внатрешноста и надворешноста на автомобилот.

Loading...

Прилагодливоста што ја спомена се однесува на фактот дека внатрешноста на нивните автомобили ќе може да се персонализира, додека само возилото, на крилата на поддршката за 5G конекција, ќе може постојано да се развива.

Тој, исто така, ја спомена еволуцијата на мобилноста како простор за забава што вклучува видео игри и аудио искуство.

Во иднина кога автомобилите ќе бидат целосно автономни и патниците на возилата повеќе нема да мора да обрнуваат внимание на сообраќајот околу нив, времето на патување во нивниот автомобил може да се скрати со играње видео игри на PlayStation или гледање филмови на екранот на автомобилот.

Такво нешто секако не треба да се очекува во блиска иднина, но со оглед на тоа што автомобилските и технолошките компании инвестираат милијарди долари во автономна технологија која веќе масовно се тестира низ светот, ваквите сценарија не се невозможни во далечна иднина.