Самсунг претстави таблет за контрола на целото домаќинство

Сподели со своите пријатели

Самсунг синоќа на CES го претстави својот прв таблет „SmartThings“ за домаќинството. Уредот е наменет како контролен центар за сите паметни домашни уреди, пренесува Verge.

Loading...

Самсунг е компанија која секогаш изненадува со иновациите на различни саеми за технологија. Овој пат компанијата реши да застане рамо до рамо со Google и Amazon и да го претстави својот уред за контрола на паметните уреди во домот.

Уредот ќе се вика „HomeHub“ и ќе изгледа како таблет во вертикална ориентација со база за полнење.

За разлика од Гугл и Амазон, кои претежно користат гласовна контрола на паметните уреди со помош на нивните гласовни асистенти, Samsung се одлучи за поинаков пат. Уредот за паметна контрола на Самсунг нема да работи со помош на гласовниот асистент Bixby, туку со допир.

 

 

Иако изгледа како необичен потег, гласовните асистенти сепак се главно ограничени на светот што зборува англиски.

Loading...

Се разбира, уредот најдобро ќе работи со работи произведени од Самсунг, но нема да биде ограничен само на нив. Тоа ќе биде само „најдоброто искуство“ со нив.

Исто така, една од интересните работи е што уредот ќе ја следи потрошувачката на енергија на домашните апарати и ќе дава совети како да заштедите енергија и да ја намалите сметката за струја.

Уредот ќе биде достапен во првата половина на 2022 година во Јужна Кореја. За останатите земји, датумот сè уште не е познат.