ХОРОР: Тинејџерка одбила да спие со него, ја силувал, па и ја варел главата на шпорет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фармацевтот Рахманберди Торебеков (28) од Казахстан денеска е осуден на 25 години затвор откако ја силувал и ја обезглавил студентката по мода Ајазан Едилова (19) кога таа одбила да има секс со него.

Loading...

На 19 март минатата година Едилова отишла во станот на Рахманберди да му го измери оделото што го нарачал од локален кројач кај кој бил вработен студентот.

Последен пат била видена жива во ходникот од неговата зграда, каде што може да се види како влегува во лифтот кон неговиот стан, по што Ајазан требало да се сретне со нејзиното момче.

 

 

Сепак, Торебеков ја силувал и ја убил откако таа одбила да има односи со него, сметаат истражителите.

Потоа и го распарчил телото, ја обезглавил и ги извадил сите заби и нокти во обид да го сокрие злосторството. Потоа ја сварил отсечената глава на студенктата во вода на шпоретот.

Loading...

Нејзиното момче ја алармирало полицијата која упаднала во станот на Торебеков, додека Торебеков сам се обидел да си го пресече вратот.

Тој бил однесен во болница, а подоцна признал дека и го распарчил телото и ги расфрлил деловите во контејнери низ целиот град.

Тој се сметал за богат фармацевт од угледно семејство во Алмати.

 

 

Убиството го признал во март 2021 година, а сега му е стасала казната од 25 години, како и да му плати на семејството на жртвата отштета од околу 40.000 евра.

Деталите за монструозното убиство биле толку вознемирувачки што пред судот биле изнесени во тајност, но семејството на убиениот студент не е задоволно од пресудата.

Loading...

Торебек го нарекувале „злобен манијак“ и веруваат дека тој никогаш не треба да излезе од затвор.

– Кога видовме фотографии од делови од телото, видовме дека секој нокт е изваден, секој заб е изваден и се е ставено во посебни пластични кеси. Зошто мораше да го направи ова освен ако не е манијак? Ако само сакал да го скрие злосторството, зошто морал да и го направи тоа? Зошто и ја отсекол главата и ја сварил во вода? – изјави роднината на убиената Алмат Муликов.