Швеѓанка го испратила 12-годишниот син да војува за ИСИС

Сподели со своите пријатели

Шведска државјанка е обвинета за воени злосторства бидејќи му помогнала на својот 12-годишен син да се пријави како борец во Сирија, каде што загинал во граѓанската војна, соопшти вчера шведскиот обвинител.

Loading...

49-годишната жена, која се вратила од Сирија во 2020 година, е првата личност во Шведска која е обвинета дека помогнала да се регрутира нејзиниот малолетен син да стане војник.

Момчето, родено во 2001 година, се борело од 2013 година за групи меѓу кои и Исламска држава.

Тој починал во 2017 година. Шведските власти не објавија повеќе детали во врска со идентитетот на мајката и момчето.

Жената ги отфрлила обвинувањата, изјави нејзиниот адвокат Микаел Вестерлунд.

Доколку биде прогласена за виновна, таа се соочува со минимална казна затвор од четири години, рече обвинителката Рина Девгун.

Според Обединетите нации, регрутирањето и користењето на деца помлади од 15 години како војници е забрането со меѓународното хуманитарно право, а Меѓународниот кривичен суд го смета за воено злосторство.

Судењето во Шведска започнува на 10 јануари.

Loading...