Мајонез салатата или уште позната и како руска салата е кралица на секоја празнична трпеза, бидејќи лесно се подготвува, вкусна е и состојките не се скапи.
Но, сите знаеме како е кога јадеме руска салата со малку месо на „третиот ден“, или на парче леб… Обично правиме премногу, па руската салата ја имаме во фрижидер со денови.
Мора да бидете внимателни бидејќи оваа салата има релативно краток рок на траење.
Поради мајонезот, варените компири и шунка или пилешко, во зависност од тоа како ја правите, а има посна руска салата – постои можност да се расипе.
Колку долго смее да стои руската салата?
Како прво, не ја оставајте надвор откако сите ќе се послужат, секогаш вратете ја во фрижидер.
Многу луѓе грешат и го покриваат садот со руска салата само со фолија, што значи дека во тој сад можат да влезат микроорганизми од друга храна во фрижидерот, пренесува Mondo.rs.
Руската салата секогаш треба да се чува во фрижидер во сад кој добро се затвора, за да не може да навлезе воздух и микроорганизми.
Некаде ќе прочитате дека рокот на траење е пет дена, но ве советуваме да ја чувате на температура од околу 4 Целзиусови степени и да ја јадете во рок од три дена, за да биде целосно безбедна.