Пред да оди на состанокот, одлучила да го „гугла“ момчето: Можеби тоа ѝ го спасило животот! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шејн Кеј Кардвел почнала да се допишува со своето момче преку апликација, но имала среќа што прво го „гуглала“, а потоа сакала да го сподели своето искуство на ТикТок.

Loading...

Кога го впишала името на момчето на Гугл, дознала дека тој претходно бил уапсен поради киднапирање.

Девојката се стаписала кога ја видела таа информација.

Таа ги предупреди сите девојки за тоа што може да се случи кога ќе одите на состанок преку апликации.

– Кога требаше да одам на состанокот, решив да го „гуглам“ и видов дека е уапсен за тешко киднапирање – рекла Шејн во видеото кое има речиси 400.000 прегледи.

Нејзината приказна поттикна многумина да ги споделат своите хорор искуства.

– Момчето што ме молеше да излезам на состанок, а кого го одбив, подоцна прогуглав и видов дека е уапсен затоа што нападнал работник за брза пошта во неговата куќа – напишала една девојка.

– Отворено прашав еден дечко што ќе се случи ако го прогуглам, а тој ми рече дека тоа нема да ми се допадне. Тој беше обвинет за сексуални напади – коментирала другата девојка.

Loading...

– Мојата пријателка го прогуглала нејзиното момче по средбата – осуден е дека ја убил чивавата на поранешната девојка која ја претепал со мртво куче. Прво гуглајте – е еден од коментарите.

 

@shainakaycardwellthat’s it, that’s the Tik Tok #SimsSelves #KraftMacMeSkip

♬ thats the tiktok – 🐿