Ники Антрам, 43-годишна самохрана мајка од Австралија ги воодушеви луѓето ширум светот со својата приказна за мајчинството, патувањето и синот. Кога имала само 17 години, го родила синот Џими кој е слеп, има физички и ментален хендикеп и затоа му треба 24-часовна грижа.
Без разлика, Ники си ветила себеси и нему дека ќе им го даде најдобриот можен живот и дека Џими ќе патува и ќе прави работи што ги прават другите. Тие тргнаа да патуваат низ светот, дозволувајќи му да јава коњи, да плива со делфини, да лета со балон – сето тоа го носи на грб бидејќи некои места и активности не се прилагодени за лицата со посебни потреби.
Понекогаш не е толку едноставно, особено кога треба да носи багаж или торба со залихи за него, но вели дека заборава се кога ќе стигнат до целта. Среќна сум затоа што имаме слични интереси – двајцата уживаме во природа, авантури, наоѓам начини да му го осигурам најдобриот и најавантуристичкиот живот .
Кога планирам патување, секогаш внимавам да имам доволно пелени, облека и перници за употреба Каде и да одиме, го најавувам нашето пристигнување и ја објаснувам ситуацијата“, изјави оваа храбра мајка за Дејли Меил.
Се забавуваат и кога се дома, како и сега за време на пандемијата, а патувањето не е возможно. Редовно возат велосипеди, играат на плажа, подготвуваат појадок, вежбаат .
Џими ослепел веќе два месеци, а шест месеци подоцна дознале дека има епилепсија.
„Срцето ми се скрши кога дознав дека е трајно слеп и ми требаше долго време да го прифатам тоа. Имав 17 години и имав многу одговорност пред мене. Секој ден се трудам да го учам на нови зборови и движења. Тоа е процес кој мора многу пати да се повторува“, вели оваа мајка, додавајќи дека нејзиниот син е вечна инспирација.
„Тој не ме гледа на конвенционален начин, но сигурна сум дека има визија во својот ум за тоа како изгледам.