Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во негатива, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 11 степени целзиусови.
Loading...
Слично време ќе имаме и во наредните денови.
Никола Ивановски