Во Саудиска Арабија падна снег по 50 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на оваа земја половина век немаат видено снегулки.

Loading...

По 50 години падна снег во Саудиска Арабија. Некои делови од земјава се целосно снежни, особено во северозападниот регион, додека на места температурата се спушти под нулата.

По снежните бури на Блискиот исток, и жителите на Саудиска Арабија по половина век во живо го видоа снегот. Ова е толку ретка појава во оваа земја што се смета за феномен.

 

 

Во повеќе делови од земјава беше издадено предупредување за лошо време, а најпогоден е регионот Асер, каде наврна многу снег.

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки и фотографии од снег во пустина, а најголемо внимание привлекоа сцените со камили.

Loading...

 

 

Жителите на Табук и соседните планини уживаа во зимска магија, санкање и лизгање со чевли на снегот, бидејќи во ова популарно одморалиште падна многу големо количество снег.

Просечната температура во Саудиска Арабија во четвртокот била 13 Целзиусови степени, додека во регионот Табука само 2 степени.

Во средата снег падна во некои делови на Сирија, Либан, Јордан, Либија и Израел, па многу области до кои не стигнал со години во моментов се под снег.

 

Loading...