12-годишното момче стана член на Менса, поинтелигентен е и од Ајнштајн (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британскиот ученик официјално е едно од најпаметните деца во светот откако доби максимален резултат на тестот Менса – дури и поголем од Алберт Ајнштајн.

Loading...

Затоа, 12-годишниот Барнаби Свинбурн од Бристол бил примен во клуб на поединци со висок коефициент на интелигенција. Тој постигна највисок можен резултат за момче на негова возраст – 162. Ајнштајн имал коефициент на интелигенција од 160.

На еден тест беше рангиран меѓу првите еден процент, а на другиот меѓу првите четири проценти.

Гордите родители Гислејн и Кристофер Свинбурн изјавија дека нивниот син веќе избрал универзитетска диплома по компјутерско програмирање. Мајката додала:

„Математиката е нешто во кое Барнаби отсекогаш се истакнувал затоа што ужива, полагањето на тестот Менса беше негова идеја. Не го присилуваме на ништо, тој ги носеше сите свои одлуки за тоа. Ние дури и не мора да го замоламе да пишува домашна задача по математика затоа што ужива во тоа, па сепак ја пишува. Кога дознавме за неговиот резултат од тестот, бев многу задоволна од него и тој беше многу возбуден“.

Љубовта на Барнаби кон математиката датира од кога имал само четири години и не можел да заспие бидејќи се обидувал да пресмета колку секунди има во еден час.

Барнаби сонува да студира на Универзитетот Оксфорд и сака да стане компјутерски програмер. Гислејн изјавила дека нејзиниот син сака спорт, и дека сака да се шегува и да се забавува, пишува The Daily Mail.

 

Loading...

https://www.youtube.com/watch?v=5K9G1hbZki0&feature=emb_title