Стабилна е епидемиолошката состојба во Куманово, а модуларната ковид болница од крајот на 2021 година е затворена поради драстично намален број на пациенти.
Како што информираа денеска надлежните благо зголемување се бележи крај бројот на амбулантски прегледи поради поголемо присуство на луѓе во градот за празниците, но по оддели благо зголемување има само на одделенијата за интерни болести и педијатрија.
– Некое драстично зголемуавње по оддели нема освен одделот за интерени болести и педијатрија имаат благо зголемување како резултат на појава на вирози карактеристични за зимскте месеци. Во годините на пандемијата малку подзаборавивме на сеознски грип, сега кај децата е вообичаена патологија, дури и на инфективниот оддел покрај пациенти со ковид се јавуваат пациенти со друга патологија, меѓу кои и сеознски грип, изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово.
Захариева изрази надеж дека стабилната кобид состојбата ќе продолжи и понатаму, иако поради празниците може да има благо зголемување на нови случаи.
– Се надевам дека нема даима нагли скокови, иако заради празничните дружби секако дека ќе има ковид позитивни пациенти, но и со друга респираторна патологија. Модларната болница пред новогодишните празници е затворена и во моментов имаме хоспитализирано 11 пациенти на Инфективното одделение, позитивни на ковид-19 и тојца со хепатит, изјави директорката.
Куманово бележи тренд на намалување на бројот на нови случаи во последните месец дена, но претходните две години, како што нагласи директорката Захариева, беа многу тешки.
– Да несе лажеме во 2020 и 2021 имавме огромни бројки на пациенти. Ако 2020 имавме околу 900 хоспитализирани на Инфективното одделение, 2021 ја завршивме со 2.200 хоспитализации. И оние кои што не беа хоспитализирани не беа во мала бројка околу 8.500 регистрира Центарот за јавно здравје , а во 2020 околу 400 и нешто, прегледи има од 30-40, а некогаш беа преку 100 прегледи само ковид, сега има и друга патологија, додава таа.
Во последно време, како што вели директорката, поголем е напливот на пациенти од Крива Паланка и Кратово, бидејќи овие два града немаат болница.
– За жал доста голем наплив имаме оттаму. Мислам дека ова е голем проблем за кој што ќе треба да се продискутира на повисоко ниво. Мислам дека овие општини заслужуават барем во Крива Паланка да има и станционарен делм да има болница, не Здравствен дом, тоа не е мала општина кон неа гравитираат и Кратово и Ранковце, тие луѓе заслужиле да си најдат хоспитален третман, а не сите да бидат упатувани само за Куманово, вели таа.
Според директоката, пациенти од околните општини не доаѓаат само со ковид симптоматологија, туку и за хирушки интервенции, породувања, интернистички прегледи, педијатрија, што е дополнително оптеретување на капацитетот на болницата.
Болницата, појаснуваат надлежните, има доволен број на персонал, а ако продолжи трендот на намалување на нови ковид пациенти, болницата нема да има потреба од дополнителна помош.
Никола Ивановски