Кумановец со тешки повреди донесен пред хотел, па завршил на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

КУмановец со тешки телесни повреди бил донесен пред хотел, по што бил транспортиран на скопските клиники.

Loading...

– На 01.01.2022 во 12.15 часот во СВР Куманово А.К.(36) од Куманово пријавила дека нејзиниот брат Д.П.(34) од Куманово околу 05.30 часот од страна на М.Б. и С.Н. бил донесен повреден пред хотел во Куманово, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била констатирана тешка телесна повреда, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски