За овој град се вели дека тука живеат заштитени сведоци: Најчуден е начинот како се доаѓа до него (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Посетителите на Поинт Робертс прво мора да поминат преку Канада за да влезат во Соединетите Американски Држави.

Loading...

Со население од 1.314, овој мал град зафаќа површина од 12,65 квадратни километри и припаѓа на државата Вашингтон.

Поинт Робертс е таканаречен пен-ексклава, односно дел од територијата на една земја до кој може да се пристапи само преку територијата на друга земја со конвенционални средства.

За да се стигне до Поинт Робертс, која граничи со Канада и со водите на Бундерискиот Залив, потребно е да се поминат 40 километри низ Канада.

Поинт Робертс е град со празни плажи, окри и десетици бензински пумпи. Посетителите од надвор ретко доаѓаат на оваа место. Ова е во суштина затворена заедница заштитена од владата на САД.

Кога се воспоставила американско-канадска граница во 1846 година, на 49-тата северна паралела, линијата се пресечкла преку канадскиот полуостров, оставајќи вишок територија на Соединетите држави на долниот крај, на околу 40 километри јужно од Ванкувер.   https://youtu.be/L0MkYBuL9uw  

Освен неколкуте кои доаѓаат во Поинт Робертс со авион или брод, други доаѓаат со автомобили од Канада.

Loading...

Локалниот историчар Марк Свенсон посочува дека Поинт Робертс не е занемарен. Овој дел од територијата им дал на САД вредни права за риболов и обезбедил стратешко место на северозападниот дел на Пацификот.

Со децении, оваа територија беше на располагање на американската војска, но во 1908 година беше решено да се распределат доселеници, претежно имигранти од Исланд.   https://youtu.be/9uNgxjpie_8  

Денес, Поинт Робертс е шумаста, рурална заедница, со стотици белоглави орли, кои живеат тука покрај луѓето и орките.

Посетителите кои доаѓаат од прометниот, голем Ванкувер со население од 2,5 милиони велат дека се одмораат веднаш штом стапнат во Поинт Робертс, каде нема ништо друго освен преполн супермаркет и неколку продавници.

Постојат гласини дека Поинт Робертс е популарна населба за сведоци заштитени со федералната програма и дека на десетици им е даден нов идентитет и сместување во овој дел од светот.

Канада има особено строг закон и го брани влезот на оние со криминално досие, што е дополнителна заштита за наводните сведоци, бидејќи секој што влегува во Поинт Робертс мора да помине низ Канада за да влезе во САД.

Поинт Робертс не е единствената американска енклава од ваков вид. Тука се и Алјаска, делови од Минесота како Нортвест Енгл и Елм Поин, и Алберг во Вермонт и блискиот Провинс Поинт.   https://youtu.be/_rq_tlEmKFo