Објавено е вознемирувачко видео од Индија на кое се гледа моментот кога тигар напаѓа и убива куче скитник пред зачудените туристи.
Ѕверот подоцна беше идентификуван како „Султанија“, популарен тигар од националниот парк Рантамбор.
Инцидентот се случил утрото на 27 декември кога туристи биле на турнеја, а видеото набрзо било објавено на Твитер и Јутјуб.
На почетокот скитникот оди покрај две возила со посетители по тесен земјен пат. Додека кучето оди од еден автомобил до друг, голем тигар налетува на него и го влече во грмушките. Нападот се случил во секунда, а помалото животно не ни знаело што се случило.
Токму додека кучето се движи кон другиот автомобил, тигарот излегува од десно и напаѓа помало животно пред да го одвлече во грмушките.
– Го фати кучето, сврти го возилото! – се слушаат извици на луѓе во позадина.
Инцидентот предизвика дискусија меѓу љубителите на животни во Индија, особено тигрите кои често напаѓаат скитници.