Денеска со услови за повремен дожд, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да се искачи до 9 степени целзиусови.

Утре, на претпоследниот ден од 2021 година во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата ќе се движи од 2 степени во утринските часови до максимални 9 во текот на денот.

Никола Ивановски