Новопечената мајка, која на социјалната мрежа ТикТок е позната под псевдонимот „Taming Triplets“, на својот профил сподели необична приказна за бременоста.
Имено, таа природно останала бремена со близнаците, а 10 дена подоцна ја дознала веста која ја шокирала.
Иако шансите жената да забремени додека е бремена се многу мали, оваа мајка сепак успеала.
– Јас и мојот сопруг отидовме на ултразвук за да ги видиме нашите близнаци и се уверивме дека се е во ред. Меѓутоа, неколку минути откако почна ултразвукот, докторката ме погледна и ми рече: „Па, честитки, имаш три бебиња“, а јас останав во шок – се присетува таа.
Како што вели, прво мислела дека докторот се шегува, но брзо се уверила во спротивното.
– Го покажа екранот и објасни дека наместо две ќе имаме три девојки. Се смеевме и во исто време бевме збунети, бидејќи не бевме подготвени за таа вест – искрена е оваа мајка.
Овој необичен феномен се нарекува суперфетација и може да се појави кај жени кои овулираат двапати месечно.
– Обично бременоста треба да влијае на вашите хормони и да ја спречи овулацијата кога ќе забремените. Не ми се случи – објасни оваа жена и додаде:
– Приближно 10 проценти од жените можат да овулираат двапати месечно, а мислам дека само три проценти повторно забременуваат. Технички, нашите бебиња имаа различни термини, но сите беа доволно блиску да се родат во ист ден, па технички се сметаат за тројки.
Бебињата се родени пред повеќе од шест месеци, а новопечената мајка вели дека на нејзината среќа и нема крај.
– Тие се мои ангели. Не можев да го замислам животот без трета девојка. Сега нашето семејство е комплетирано – заклучи таа.
@tamingtriplets The Triplets are kicking butt! 💪 *Dr said not longer than 4hrs without feeding* #tripletsoftiktok #newbornbabies