Корисничката на ТикТок Ангела сподели видео на својот профил во кое покажа како открила дека нејзиното момче ја изневерува.
Тој и рекол дека ќе го помине денот на реката со семејството и и испратил фотографија од кајакот за да и покаже колку добро се забавува. Но, она што тој не го забележа беше еден многу важен детал што откри дека лаже, а тоа е одразот во неговите очила.
На фотографијата нејзиното момче носи очила за сонце кои секако имаат рефлексија, а Ангела со негова помош сфатила дека ја изневерува бидејќи ја зумирала фотографијата и видела непозната девојка како седи со него во кајак.
На видеото, по неговата фотографија, таа покажа и како нејзиното момче не одговара на пораките откако сфатила со кого е.
Во друго видео, Анџела раскажува како момчето признало дека ја изневерувало и дека потоа раскинале.
– Знаев дека ме изневерува бидејќи никогаш не ме повикуваше на работи како кајак. Едноставно, тогаш беше премногу слеп за да го види тоа – објаснува таа во видеото.
Нејзините видеа набрзо добија голема популарност, а многумина сочувствуваа со неа и коментираа дека не заслужува некој кој така се однесува кон неа.
– Вистината секогаш излегува на виделина, овој пат поради одразот – коментирал еден корисник, пренесува Mirror.
https://www.tiktok.com/@angelalabaaa/video/7044275032511761711?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7040061580000151046