СВР КУМАНОВО СО АПЕЛ: Граѓаните што излегуваат и влегуваат во државата да ги имаат следните документи!

Сподели со своите пријатели

Поради зголемен обем на влез и транзитирање на домашни и странски државјани во Република Северна Македонија ги потсетуваме граѓаните дека доколку не приложат еден од следните документи:

Loading...

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-Cov, односно примени најмалку две дози на вакцина,

-сертификат потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена,сметајќи од денот на оздравувањето,

-медицинска потврда со негативен резултат, направен 72 часа пред излез/влез на/од територија на Република Северна Македонија или

-негативен резултат од брз тест за антиген направен 48 часа пред излез/влез на/од територија на Република Северна Македонија,задолжително се упатуваат во домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена.

Интегрално соопштение: Сектор за внатрешни работи Куманово