Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска по повод Меѓународниот ден за подготвеност за епидемии изјави дека сегашната пандемија Ковид 19 нема да биде последна и дека човештвото мора да се подготви за нови предизвици.
Loading...
„Ковид 19 нема да биде последната пандемија со која се соочува човештвото. Како што реагираме на оваа здравствена криза, мора да се подготвиме за следната“, напиша Гутерешна на Твитер.
Тој ги повика сите да посветат поголемо внимание на ова прашање.