Албанец приведен на Табановце со фалсификувана патна исправа

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Албанија вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце поради користење фалсификувана патна исправа.

Loading...

– На 26.12.2021 година во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово на граничен премин Табановце ја лишиле од слобода Л.Г.(36) од Република Албанија поради користење на фалсификувана патна исправа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски