„Дух“ е соодветно име за авионот, кој е дизајниран да биде речиси невидлив, но дури и најдобрата стелт технологија на бомбардерот Б-2 очигледно не може да се сокрие од очите на сателитите на Google, објави веб-страницата Military Times.
Стелт-бомбардерот Б-2 е снимен на сервисот Гугл Ерт како лета над фарма во Мисури, јави РТС, повикувајќи се на тој портал.
Авионот вреден 2 милијарди долари го забележал корисник на Редит, кој го споделил на социјалните мрежи, неговата објава привлече големо внимание, лајкувана 110.000 пати, а подолу биле оставени повеќе од 3.000 коментари.
На видеото се гледа како бомбардер Б-2 лета над рурална област западно од Канзас Сити, што не е премногу чудно со оглед на тоа што воздухопловната база Витман се наоѓа на околу 30 километри јужно, пренесува РТС.
„Тоа може да се случи. „Имате стелт бомбардер кој лета над фармерската куќа и неговата нива како авион за прашина“, коментирал корисникот кој го открил „духот“.