Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме исто така облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југ, односно југоисток. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 9 степени целзиусови.
Среда носи повторно врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. температурата ќе се движи од три степени во утринските часови до максимални девет во текот на денот.
Претпоследниот ден од годинава носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозапден правец, а температурата ќе се движи од четири степени во утринските часови до максимални 10 степени целзиусови во текот на денот.
Облачно со кратки сончеви периоди ќе биде и на последниот ден од 2021 година. Ќе дува слаб ветер од северен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 11 степени целзиусови.
Првиот ден од новата година ќе донесе претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Околу нулата ќе биде температурата на воздухот во утринските часови, додека дневниот маскимум се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозапден правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.
Следната работна недела носи претжено облачно, но суво време.
Никола Ивановски