Ова се комплиментите што мажите најмногу ги сакаат

Сподели со своите пријатели

Кога комплиментите се во прашање, некако секогаш првин мислиме на жените, но и мажите ги сакаат. Чудно, но на првото место не е оној кој се однесува за нивниот пенис.

Овие комплименти им се омилени на мажите:

Коса

Кој би рекол? Просечен маж навистина се труди косата да му изгледа совршено, иако за фризурата им треба неспоредливо помалку време и труд отколку на жените, косата е нешто со што тие се гордеат. Комплиментите за фризурата се сигурен начин на секој маж да му го разубавите денот.

 

 

Стил на облекување

Звучи неверојатно, но овој комплимент им е особено драг. Иако изгледа дека на него паѓаат само жените, мажите се доста чувствителни кога модата е во прашање.

Мирис

Жените обожаваат кога мажите убаво мирисаат, а мажите обожаваат тоа да им го кажете.

Смисла за хумор и интелигенција

Често одат рака под рака, а ако на мажот му дадете комплимент кој опфаќа и едно и друго, тогаш сигурно ќе се чувствива посебно.

 

 

За својата големина

Да на листата со комплименти е, но на последно место. Истражувањата покажале дека мажите сакаат да слушнат дека се надарени, дури и тогаш кога би требало да им биде совршено јасно дека тоа и не е така.