Се венчале пред 77 години, но поради војната немале свадба: Сега решиле тоа да го сменат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ројс и Френки Кинг се сакаат како првиот ден. Заедно имаат две деца. Сега вработените во хосписот им ја исполниле желбата. Среќни се бидејќи конечно имаат свадбени фотографии.

Loading...

Ројс и Френки Кинг, двајцата 98, се венчале на 16 септември 1944 година. Но, никогаш не направиле вистинска свадба, односно невестата немала венчаница, немале торта, гости, фотографии…

Таа воена година се венчале во локална црква, а се се случило многу брзо бидејќи Ројс имал да оди во војна.

„Тоа беше магичен момент“

Парот се пожалил на персоналот во хосписот кој се грижи за нив. Хосписот обезбедува грижа за нивните штитеници во сопствените домови, па венчавката и свадбата ја организирале во дворот на куќата во која Ројс и Френки живеат 68 години.

Ројс носел својата воена униформа, а Френки носела венчаница од 1940-тите набавена од Сент Кроа Хоспис, Ајова.

Френки дошла до олтарот со букет цвеќе во рацете додека музикотерапевтот од споменатиот хоспис свирел хитови од 1940-тите. Нивната ќерка Сју Билодо (68) изјавила дека тоа бил магичен момент за нејзините родители.

 

Loading...

 

– Тие се сакаат како и првиот ден кога се запознале. Тато носеше униформа за мама, а мама сака кога и се удоволува. Двајцата блеснаа. Тие се многу лојални еден на друг и сакаат да ги усреќуваат другите луѓе. Прекрасно е што конечно имаат фотографии од свадбата – вели Сју.

Нејзините родители се запознале на училиште кога имале 14 години. Тие почнале да се забавуваат на 17 години, а денес по повеќе од 80 години сѐ уште се сакаат.

Тие се свршиле во 1944 година и решиле да се венчаат пред Ројс да замине во војна. По војната, тие се преселиле во градот Оелвејн во американската држава Ајова. Имале две деца, синот Џим (71) и ќерката Сју.

Конечно имаат свадбен албум

– Тие се прекрасни родители. Детството ни беше многу убаво. Бевме среќни. Родителите сѐ уште живеат во истата куќа – вели Сју.

Hospice St Croix се грижел за парот пред осум месеци, но тие веќе им се многу драги.

Loading...

– На еден вработен му кажаа дека имаат годишнина од брак, а тој рече дека би сакал да види фотографии. Кога му објасниле дека немаат фотографии бидејќи никогаш немале венчавка, персоналот на хосписот дошол на идеја да им го организира тоа – објаснува Сју.

Хосписот организирал се, добиле венчаница, торта, цвеќиња, организирале музика и фотографирање.

– Сега моите родители конечно имаат свадбен албум кој ќе можат да го покажат на другите – вели Сју, пишува Дејли Мејл.