Ѓукановиќ: Верувам во екипата и сигурен сум дека ќе имаме добри резултати

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово, последниот свој натпревар за 2021 година го игра денеска од 17 часот во Скопје, против тимот на Ангели со што го стартува вториот дел од регуларната сезона во машкиот кошаркарски шампионат ,односно 12-то редовно коло.

Loading...

Во пресрет на тој меч, поразговаравме со српскиот интернационалец од редовите на К.К.Куманово 2009 Ѓукан Ѓукановиќ.

 

 

1.Ѓукан колку си задоволен од досгашниот настап во новата екипа и средина?

Ѓ.Ѓ. – Искрен да бидам екипно досега неможеме да бидеме задоволни на досегашните резултати поради веќе познатата ситуација која веќе е зад нас. Ме радува фактот што полека ја подигаме формата и во претходните три натпревари забележавме две победи и направивме чекор напред на табелата. Атмосферата е одлична и полека се подигнеме по лошиот старт на сезоната. Ме радува напредокот во нашата игра и се надевам дека во вториот дел од сезоната ќе оствариме победи кои ќе можат да не доведат до подобар пласман на табелата и како тим ќе играме важна улога во првенството.Лично за мојата игра знам дека можам уште подобро и сигурен сум дека ќе играм уште подобро како ќе одминува сезоната.

 

Loading...

 

2.Што мислиш за екипата и нашиот град,затоа што прв пат настапуваш во Македонија?

Ѓ.Ѓ: – Куманoво е прекрасен град.Задоволен сум од целокупната околина во која претстојувам. Пријатно сум изненанден од сите и се чувствувам одлично. Шестта различна држава е Македонија во која настапувам од почетокот на мојата кариера. Екипата, управата, стручниот штаб, навивачите немам зборови,секоја чест. Останува сега да им се одолжиме со добри игри и да го поправиме впечатокот од лошиот старт .Ветувам дека ќе покажеме дека можеме многу подобро, бидејќи секогаш сум оптимист и верувам во тимот и соиграчите.

 

 

3.Нешто повеќе да ни кажеш за твојата кариера.

Loading...

Ѓ.Ѓ – Роден сум во Ваљево, Република Србија.Кошаркатата е мој живот и во мојатата кариера настапував во многу тимови во Србија, Чешка, Шпанија , Босна и Херцеговина  и сега во Македонија. Два пати бев МВП на првата кошаркарска лига на Србија. Настапувам на позиција плејмејкер и како предост во мојата игра ја истакнувам брзината и прегледноста на теренот.

 

 

4.Што мислиш за квалитетот на македонскиот кошаркарски шампионат?

Ѓ.Ѓ : – Македонската кошаркарска лига е квалитетна и изедначена. Има интересни тимови и одлични играчи во сите тимови. Моето мислење е дека за првото место ќе се борат Пелистер и МЗТ Скопје , две екипи кои со квалитетот се одвојуваат во однос на остатантите тимови во лигата. Со сите останати може да се игра и да се натпреваруваме до крајот на сезоната. Моја прогноза е дека МЗТ Скопје оваа година ќе ја одбрани титулата во домашното првенство и Купот.

 

Loading...

 

  1. За Куманово следува мечот со скопски Ангели.Очекување пред натпреварот.

Ѓ.Ѓ: – Ангели не е истиот тим од стартот на сезоната и првиот меч кога ги победивме на домашен паркет. Нивните странски засиувања си заминаа и сега нивната ротација е скратена.Ние како тим на тој меч треба да влеземе максимално сконцентрирани и работата да ја сфатиме сериозно работата уште од првата секунда. На нас секој меч ни е важен, буквално да се биде или не ако сакаме да стигнеме до Супер лигата .Се ќе зависи од нас ,само ќе треба да се исполни се она што е договорено пред мечот максимална концентрација, сериозен пристап и само така ќе дојдеме до успех на овој меч и годината ќе ја заокружиме со победа –  порача српскиот интернационалец во пресрет на остатокот од сезоната.