Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава се задржа ведро време со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец.
Утрово преовладува умерено на места значително облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност.
Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. утринската температура ќе се спушти два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до 7 степени.
За утре се очекува дополнително зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд.
Никола Ивановски