Пожар во стан во кумановско, гореа и бандери во Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера избувнал во стан лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на терен излегле петмина пожарникари кои интервенирале во период од 18:00 до 18:40 часот.

Во пожарот нема повредени, а причинета е материјална штета. Причините за избувнување на пожарот се непознати.

Во текот на вечерва пожарникарите имале две интервенции на запалени бандери во населбата Диво насеље. Првиот случај бил околу 21:20 часот, додека во вториот се запалила бандера под напон па на терен повторно излегле пожарникарите во 22:37.

Никола Ивановски