Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб, а во западните делови слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до -2, а максималните од 3 до 10 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до петиот степен.
Нешто потопло време со сонце ќе имаме на последната сабота од годинава. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе изнесува осум степени целзиусови.
Последната недела од 2021 година носи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурите ќе се движат од три степени во утринските часови, до максимални девет во текот на денот.
Од понеделник се очекува зголемување на облачноста и врнежи од дожд.
Никола Ивановски