Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска со новогодишни пакетчиња ги пречека децата без родители и родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.
Loading...
„Денеска во просториите на Општина Куманово ги пречекавме децата без родители и родителска грижа, кои се сместени во згрижувачки семејства.
На нивна огромна радост, во име на Општина Куманово, со Дедо Мраз им поделивме новогодишни пакетчиња. Продолжуваме да им носиме радост на дечињата во пресрет на новогодишните празници“, порача градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.
Loading...
Loading...