Искршил инвентар на угостителски објект во Куманово и бил агресивен кон полицијата

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен жител на селото Младо Нагоричане вчера бил приведен бидејќи оштетил инвентар на угостителски објект во Куманово, а потоа агресивно се однесувал кон полициските службеници.

Loading...

– На 22.12.2021 во 14.24 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Д. (49) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, затоа што оштетил инвентар во угостителски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски