Не застанал за пасошка контрола, кумановскиот суд го протера од државата

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Косово вчера бил протеран од земјава, откако на граничниот премин Белановце не застанал на пасошка контрола.

Loading...

– На 21.12.2021 во 16.30 часот на Граничен премин „Белановце“ бил приведен Б.Ш.(30) од Косово, затоа што управувајќи патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, не застанал на пасошка контрола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а од судија од Основен суд Куманово му е изречена прекршочна санкција од Законот за странци и протерување од земјата.

Никола Ивановски