Во текот на изминатата недела (13.12 – 20.12) бројот на нови случаи во Куманово е 54, а активни во Куманово се 149 случаи, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.
Вкупно 54 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела што е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно бројот на нови случаи изнесувал 63.
Намалување се бележи и кај бројот на активни случаи, кои на минатонеделниот пресек биле 175, а денеска се 149.
Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле две лица од Куманово и Липково, што е намалување од неделата претходно, кога починале пет пациенти.
Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник, вкупно 13.
Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 13.058 случаи позитивни на коронавирусот.
На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 221.285 случаи, од кои во моментот се активни 5.522. Оздравени се 207.948, а починати 7.815 пациенти.
Никола Ивановски
Извор: Министерство за здравство