Австрија ги укинува мерките и за невакцинираните за празниците

Сподели со своите пријатели

Австриската влада одлучи да го укине локдаунот за невакцинираните граѓани за време на божиќните и новогодишните празници.

Loading...

Во празничниот период ќе бидат дозволени собири до десет лица без сертификат „2G“, изјави министерот за здравство Волфганг Микштајн.

„За собири со максимум 25 лица, повторно важи правилото „2G“, односно може да учествуваат само вакцинирани или излекувани лица“, рече Микштајн на прес-конференција.

Според него, за Нова година ќе се укине ограничувањето на работното време во гастрономијата.

Микштајн рече дека општото заклучување обезбеди простор што овозможува отворање за невакцинираните.

Затоа, како што рече, ќе има одредено отклучување за празниците.

Микштајн, сепак, предупредува дека треба да се внимава поради ширењето на омикрон.

„За време на Божиќ, треба да собереме сила и да се подготвиме за следните недели“, рече тој, додавајќи дека нема да има ограничувања на слободата на движење во тие денови.

Loading...

Микштајн најави построги правила за влез во земјава, особено од Велика Британија и рече дека се работи на соодветната регулатива.