Австриското МВР и безбедносните органи очекуваат натамошно радикализација на протестите против епидемиолошките мерки и ја гледаат заканата за медиумите и здравствениот персонал.
Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер истакна дека десничарските радикални групи и хулигани досега се обиделе да ги злоупотребат демонстрациите.
Полицијата постапуваше доследно и ќе продолжи да дејствува под мотото „дијалог, деескалација, акција“, најави тој.
Карнер нагласи дека полицијата ќе дејствува решително секаде каде што десничарските радикални групи, хулиганите или теоретичарите на заговор ќе се обидат да го шират своето влијание.
Тој најави дека полицијата остро ќе дејствува против лицата кои на демонстрациите ги навредуваат и им се закануваат на новинарите.
Воедно беше најавено дека медиумите ќе се обезбедуваат превентивно поради закани преку социјалните мрежи.
Истовремено, разузнавачката служба посочува дека се повеќе учесници на протестот има од странство, пред се од Швајцарија и Германија, што укажува дека состојбата може да се влоши.