Во март започнува изградбата на кружен тек кај Митев мост (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово доби сообраќајна согласност од Секторот за внатрешни работи Куманово и со тоа може да започне изградбата на кружниот тек кој треба да спои повеќе улици и два булевари кај локацијата Митев мост.

Loading...

Тендерската постапка, како што информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, е завршена уште пред девет месеци.

– Чекаме долг временски период на сообраќајна согласност од ресорното министерство, т.е. СВР Куманово. Знаете и сами дека овој случај беше политизиран во време на изборите, конечно се надмина и тоа, фирмата изведувач е „Жикол“ веќе врши подготвителни работи за имплементација на овој проект, изјави Димитриевски.

 

 

Сепак изградбата не може да започне сега поради законот и одлуката на Советот на Општина Куманово кои велат дека не може да се вршат ископи во зима, па реализацијата на овој капитален проект ќе започне во март.

– Бидејќи навлегуваме во зимскиот период од годината, каде согласно законот и одлуката на Советот не се дозволени прекопи на јавни прометни површини, освен ако не се работи на итни интервенции и санации на одредени дефекти, ја одлагаме имплементацијата на овој проект по завршување на зимската сезона во месец март, појасни Димитриевски.

Loading...

Околу 30 милиони денари ќе чини изградбата на овој кружен тек во градот, а во годишната програма за 2021 е влезен уште еден.

– Имаме уште еден кружен тек кој е влезен во годишната програма за 2021 година чекаме согласност од страна на ЕВН. Се работи за локација Серава, односно крстосница меѓу улиците „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударба бригада“, вели градоначалникот.

Како што додаде тој, на следната седница на Советот на Општина Куманово ќе се разгледува годишната програма и Буџетот за 2022 година и ќе бидат предложени дополнителни кружни текови.

Никола Ивановски