Мерцедес изгоре во пожар во липковско

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило изгорело вчера во пожар во селото Отља, во Општина Липково.

– На 14.12.2021 во 10.10 часот во СВР Куманово, Ф.Р. од с.Отља, општина Липково, пријавил дека настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Никола Ивановски / фото: архива