Квинсленд ги отвора границите по пет месеци

Сподели со своите пријатели

Австралиската држава Квинсленд денеска ги отвори границите за сите вакцинирани против Ковид-19, првпат по речиси пет месеци, во моментот кога Австралијците се подготвуваат за патување без карантин низ поголемиот дел од земјата за време на напорниот божиќен период.

Loading...

Според телевизиските снимки, стотици автомобили стоеле во ред на јужната граница на државата со Нов Јужен Велс долго пред да стапат на сила новите правила во 1 часот по полноќ по локално време, пренесува Ројтерс.

Квинсленд, третата најнаселена држава во Австралија, ја затвори границата со Нов Јужен Велс во јули, а потоа и за луѓето кои доаѓаат од Викторија за да се заштитат од појава предизвикана од видот делта што го тресеше истокот неколку месеци.

„Ќе живееме со ковид, но под наши услови“, напиша премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук во твит, откако Австралија ја надмина целта целосно да вакцинира 80 отсто од луѓето постари од 16 години, што беше предуслов за олеснување на правилата.

Авиокомпанијата „Квантас“ денеска соопшти дека во околу 100 летови планирани за денеска, ќе превезат речиси 10.000 патници до и од Квинсленд.

Олеснувањето на граничните ограничувања доаѓа само неколку дена пред почетокот на училишниот летен распуст и ќе биде поттик за профитабилниот туристички сектор во земјава.

Од почетокот на пандемијата на Ковид, Австралија има регистрирано речиси 229.000 случаи на ковид и 2.104 смртни случаи, што е многу помалку од многу други земји.

Досега во земјата се откриени околу 70 случаи на сојот омикрон, најмногу во Сиднеј.

Loading...