Штом заврши четвртиот локдаун за вакцинираните и излекувани лица во Австрија, градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, рече дека треба да се размисли за петтото заклучување.
Бидејќи Виена реши да ги отвори рестораните дури на 20 декември, Лудвиг преку социјалните мрежи сподели видео клип во кој ја објаснува одлуката.
– Не се работи само за следниот викенд, дали угостителите ќе можат да се отворат во сабота или во понеделник. Се трудам да бидам политичар кој гледа во иднината и одлуките не ги носам само за следниот викенд, туку на среден рок на подолг период – објасни тој.
Лудвиг ги критикуваше и федералните власти, велејќи дека смета дека е чудно што во криза која се повторува, не се делува систематски, туку се носат дневно-политички одлуки.
Тој рече дека веќе се поставува прашањето дали угостителите ќе можат да се отворат во февруари или март или ќе има петти бран.
„Мораме да размислиме за тоа“, рече тој.