Прва жртва од омикрон во Британија

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон утринава потврди дека едно лице починало како последица на заразување со сојот на коронавирус омикрон.

Loading...

Од оваа варијанта во Велика Британија почина еден пациент, откри денеска премиерот.

„За жал, да, омикрон предизвикува хоспитализација и за жал е потврдено дека најмалку еден пациент починал од омикрон“, рече Џонсон за време на посетата на клиниката за вакцинација во близина на Падингтон.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, засега нема потврдени смртни случаи од новата варијанта на корона вирусот, првпат откриен во Јужноафриканската Република.